ФОТО: Тврдат дека е жив и има 200 години?!

Тело на свештеник старо 200 години е пронајдено во Монголија во одлична состојба, а будистичките свештеници тврдат дека тој е жив и оти само медитира.
500svestenik


Иако целиот свет е шокиран од оваа информација, будистичките свештеници остануваат на своето тврдење дека живиот свештеник е роден во далечната 1852 година и во моментов се наоѓа во длабок медитирачки транс.

Неговото сочувано тело, во седечка позиција со прекрстени нозе е пронајдено минатата недела во близина на главниот град на Монголија, Улан Батор.

Во тек се форензичните испитувања, а засега се претпоставува дека свештеникот пронајден во лотус положба е стар околу 200 години.

Исто така, се претпоставува дека станува збор за свештеникот Даши Дорзо.

Неговото тело е украдено од една пештера, а поради кражбата е уапсен 45 годишен маж, пренесува британски „Телеграф“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О