Мадона шокира: Има 56 години и вака се појави на црвениот тепих

Кралицата на попот повторно провоцираше. Веќе со години Мадона е позната како некој кој ги поместува границите на шоубизнисот, а нејзините настапи се инспирација за помладите колешки.

Од својот стил не се откажала ниту на доделувањето на Греми наградите. Овој пат на црвениот тепих прошетала во костим кој повеќе открил отколку што требало, но Мадона гордо позирала за фоторепортерите.

Долгите кожни чизми преку колениците, кожни ракавици, мрежести чорапи, за кои може да се рече дека станаа нејзин заштитен знак, и корсет кој во преден план ги истакнал нејзините гради како да биле доволна провокација, па кралицата на попот во еден момент пред присутните фотографи го подигнала здолништето и ја покажала долната облека. Под корсетот носела танги!


Поради оваа комбинација, Мадона заврши на листата на најлошо облечени дами таа вечер, но не е прв пат нејзиниот ексцентричен моден вкус на добие остри критики.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О