Вакви облини може да имате и на 45 години!

Дека напорите за зачувување на својот изглед секогаш вродуваат со резултат, доказ е и оваа прекрасна 45 годишна жена.
Станува збор за Лаура Гордон, фитнес блогерка од Њујорк, која на своите 45 години може да се пофали со повеќе од фантастично тело. Оваа жена е добар пример дека тренирањето и тоа како се исплати и дека времето може да се победи!


Лаура пред себе има јасна цел - витко тело до крајот на нејзиниот живот, па токму и оваа нејзина цел е и нејзина најголема мотивација да не се откаже од тренирањето, иако, и таа како и поголемиот дел од жените, понекогаш немаат желба за вежбање.

Кога тргнала на факултет, Лаура за кратко време се здебелила девет килограми, па тогаш се потрудила да пронајде решение за својот проблем.



"Користев едноставен метод - јадев помалку. Повеќе немав вечера, не јадев макарони со сирење за ужинка, не јадев ниту пица доцна во ноќта", се присетила Лаура. Во текот на студирањето таа започнала да работи во канцеларија, па постојаното седење влијаело негативно на нејзиниот изглед.

Потоа таа започнала да тренира, но се чудела зошто нејзиното тело не изгледа онака како што таа сакала. Причината била неправилната исхрана, а Лаура сега вели дека добриот изглед не е важно само да се избегне нездравата храна, туку дека мора да се јадат и одредени здрави намерници.


Во 2005 година Лаура започнала да пишува блог на кој ги изнела сите детали од своето "патување" до посакуваната линија, до онаа точка кога го споила правилното вежбање со правилната исхрана.

Инспиративната Лаура истакала и дека особено задоволство и е да ги мотивира оние кои се борат со дебелината, а во тоа и помага "долгогодишното искуство како фит личност". Лаура денес носи облека со иста големина како онаа која што ја носела во текот на студиите.






ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О