Пријателка на познатата руска манекенка открила детали во врска со раскинувањето на еден од најпознатите парови во светот.
Кој би рекол дека веќе помина повеќе од еден месец од раскинувањето на долгогодишната врска на фудбалерот Кристијано Роналдо и манекенката Ирина Шајк. За тоа раскинување пишуваа сите светски медиуми, а за тоа кој кого оставил и ден денес се зборува.
Според зборовите на една пријателка на руската манекенка, Ирина била таа која ја прекинала нивната љубовна врска, но не и` било воопшто лесно да донесе таква одлука. Парот ја прекинал врската неколку дена пред дочекот на Новата година, која Ирина ја прославила сама на одмор.
„Ирина беше во шок и целосно скршена. Веднаш замина и ја помина новогодишната ноќ плачејќи сама на аеродром. Таа замина на Малдивите и таму во самотија го прослави својот роденден“, рекла пријателката на манекенката за магазинот „Hello”.
„Ирина секогаш беше покрај своето момче. Но, овојпат се чини го промени мислењето. Веќе не можеше да ги избегнува сите очигледни знаци кои упатуваа на фактот дека на нивната врска и` дојде крајот“, додала пријателката.