"Дојде вода децата да се искапат, а тогаш падна граната и ги уби сите!"

Мировниот договор бил потпишан предоцна за семејството Коноплиови, кое во секунда останало без своите три деца.

Минатиот четврток граната ја погодила куќата на семејството Коноплиови и на место ги убила трите девојчиња - 14-годишната Настја, 7-годишната Даса и 2-годишната Кириуша.


Во нивното село на истокот на Украина, по една седмица, дошла вода. Мајката брзо сакала да ја искористи шансата и да ги измие своите деца. Ги пратила во бањата, а таа заминала по пешкири во спалната соба. Тогаш паднала граната. И тоа токму во бањата во која биле невините деца. Сите три девојчиња загинале на самото место.


"Какво примирје? Секој ден ги колнам оние кои ги убија моите деца и сите други во нашата држава. Луѓе кои сакаат само да живеат во мир", рекла очајната мајка Љуба Коноплиова, која прифатила да зборува за CNN.

"Моите невини внуци се убиени, невини, господине Порошенко", низ солзи рекла бабата на девојчињата, Лида.


Таткото Денис, немал сили да застане пред камерата. Само седел во кујната и зборувал сам со себе...

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О