Анџелик и нејзиниот партер не биле свесни за папараците, или пак, откако ги забележале, намерно им приредиле незаборавно шоу.

Можеби, едноставно не можеле да се воздржат и да ја покажат нежноста на јавно место, па не ги интересирало што се случува околу нив.

Анџелик, позната и по прекарот Френчи, учествувала во неколку реални програми во продукција на "VH1", а била учесничка и во француското издание на "VIP Big Brother".

Таа во 2004-тата година се преселила во Лас Вегас, и почнала да работи како модел и егзотична танчарка.

Во САД стапила во контакт и со "Playboy", а се појавила и во неколку филмови за возрасни.

