Српската старлета Сораја Вучелиќ до сега направи многу естетски зафати, но српските медиуми сега пишуваат дека таа одлучила и да го извади последниот пар ребра за да добие што потесен струк.

После корекцијата на носот, јаготките, зголемувањето на градите, задникот и усните, како и средување на забите, Сораја наводно одлучила да си извади и ребра и така дополнително да ги нагласи своите облини.


Сораја во последно време се` повеќе вежба и се одржува во одлична форма, а многумина коментираат дека ништо не извадила, туку дека е на работ на анорексија. Кој е во право ќе покаже времето, но секако таков чекор на Сораја не и` е потребен...
