Ејприл во април минатата година се упатила на состанок со момчето, се поздравила со мајка си кога во 22:30 часот вечерта го напуштила домот. Подоцна таа вечер, двајца мажи ја киднапирале и ја ставиле во нивниот автомобил. За среќа, Ејприл успеала да побегне, пренесува News.com.au.

Оваа тинејџерка била пронајдена онесвестена покрај пат. Ја пронашол маж кој ја известил полицијата, а после итната операција во болница, девојката паднала во кома.
Два месеци поминала во болница во Сиднеј, закрепнувајќи од последиците од несреќата, а нејзината сестра тогаш ѝ ги соопштила шокантните вести. „Ејприл, ти си бремена, дали го знаеше тоа?“
Поради последиците од несреќата, Ејприл морала да се избори со амнезија, па секој ден ѝ кажувале дека е бремена и секој ден морала да го доживува истиот шок. Но, и покрај траумата, го задржила бебето.

Момчето се родило на Бадникова вечер, а Ејприл се уште не се сеќава на сите детали од несреќата. Полицијата прво мислела дека Ејприл е жртва на сообраќајна несреќа, а потоа утврдила дека се работи за киднапирање. Полицијата утврдила дека киднапирањето се случило откако Ејприл ја напуштила куќата на нејзиното момче. Непознатите мажи прво ја ставиле во автомобилот, а потоа ја дрогирале. На нејзиното тело биле пронајдени траги од убоди. Според соопштувањето на полицијата,нешто се случило во автомобилот откако напаѓачите ја киднапирале Ејприл.

Докторите констатирале дека таа била во четвртата недела од бременоста. Непосредно пред киднапирањето таа на Фејсбук објавила дека ѝ пришол еден Азиец кој ѝ рекол да појде со него и дека се` е во ред.
Ејприл верува дека успеала да побегне со помош на мајчиниот совет, мајка ѝ секогаш ѝ велела во моменти на некоја несреќа да вреска и со цела сила да се бори за себе.

Таа ноќ кога полицијата ја пронашла Ејприл и кога заѕвонила на вратата од нејзиниот дом, нејзината мајка знаела дека нешто ѝ се случило на Ејприл. Потрагата за киднаперите е се уште во тек, како и истрагата што се случило во моментите кога Ејприл била во нивниот автомобил.