Дали се сеќавате на нив? Ова се десет култни телефони низ годините

Од оние кои прекриваа пола лице до модерни супер-тенки уреди, мобилните телефони драматично се менуваа. Во изминатите 30 години сме виделе десетици илјади модели, а некои од нив оставија белег благодарение на нивниот дизајн или можности.






Motorola DynaTAC 8000x (1984)

Омилениот телефон на Гордон Гек и Дел Бојо беше првиот комерцијален телефон претставен во 1984 година. Тој тежеше повеќе од 900 грама и чинеше околу 4.000 долари.


Nokia 3310 (2000)

Сите го знаеме како „неуништливиот“. Еден од најуспешните модели на компанијата Nokia е продаден во преку 100 милиони примероци. Сите имавме воспаление на палците од играње „Змија“.


TMobile Sidekick (2002)

Овој модел не беше толку застапен кај нас, но поради неговата QWERTY тастатура е запомнет на светскиот пазар.


BlackBerry 6230 (2003)

Иако беше наменет за бизнис корисници, сите го купуваа поради тастатурата, екранот и батеријата.


Motorola Razr V3 (2004)

V3 е телефон кој меѓу првите ги спои модата и технологијата. За тоа време имаше одлична камера за правење фотографии од 640 x 480 пиксели.


Sony Ericsson W880 (2007)

Додека со здужени сили правеа телефони, Sony и Ericson го претставија овој музички телефон со капацитет од еден гигабајт за 900 песни.


Nokia N95 (2007)

Претставен во време кога Nokia владееше со пазарот, овој телефон имаше се` што корисниците бараа: 2,6 инчен дисплеј, одлична батерија и камера од пет мегапиксели.


iPhone (2007)

Оригиналниот модел доаѓаше со дисплеј од 3.5 инчи и камера од два мегапиксели. Воедно, тој го најави бранот на паметни телефони.


Samsung Galaxy S2 (2011)

Јужнокорејскиот одговор на iPhone донесе камера од осум мегапиксели и дисплеј од 4.3 инчи. Овој телефон имаше огромен успех меѓу корисниците.


Xiaomi Mi Note (2015)

Овој модел е доказ за растот на кинеската индустрија. Тие станаа петтиот производител на мобилни телефони во светот. Овој модел доаѓа со дисплеј од 5.7 инчи и 13 мегапиксели камера.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О