Поставувањето на фотографии и тагирање пријатели на Фејсбук, честопати знае да биде заморна и досадна работа, а се чини дека најпоопуларната социјална мрежа го знае тоа. Имено, компанијата Фејсбук неодамна наравила алгоритам кој многу прецизно ги идентификува личностите врз основа на лицата на фотографијата и на корисниците им нуди сугестија за тагови со имињата на пријателите за означувањето на фотографиите да биде побрзо.
Многу често се случува да сакаме да го отстраниме тагот од фотографија на која не сме испаднале убаво или не сакаме некој да види каде сме биле и што сме правеле. Фејсбук со автоматското тагирање само ќе ни отвори работа, затоа што ќе мора да се мачиме со тргнување на нашето име од фотографиите на пријателите.
DeepFace користи технологија која ја развила израелската компанија face.com, а која во 2013 година ја купил Фејсбук. Творците тврдат дека оваа технологија може да одреди личност со 97.25% точност, а таа дневно може да прегледа повеќе од 400 милиони фотографии.