Ропство: Вака Ким Јонг Ун доаѓа до пари за луксузен живот

Активисти за човекови права тврдат дека десетици илјади севернокорејски работници се присилени да работат во ужасни услови без никаков надомест. Тие буквално работат како робови со цел да обезбедат пари за луксузниот начин на живот на режимот на Ким Јонг Ун.

Според податоците на активистите, во странство се испратени 100.000 луѓе кои работат во ужасни услови. Нивните плати се испраќаат директно кај лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун.


Се верува дека оваа пракса се применува од осумдесеттите години од минатиот век, но дека „напредувала“ со доаѓањето на власт на Ким Јонг Ун.

Југоисточна Азија, Кина, Африка и Блискиот Исток наводно примиле работници од Северна Кореја, а најмногу од нив работат во Русија – дури 20.000 работници.

Многу работници од Северна Кореја работеле долги и исцрпувачки смени на градилиштата и слични работи.


Активистите тврдат дека тие се робови, а нивните пари се трошат на луксузот на Ким Јонг Ун и луксузот на неговите елитни следбеници, како и на изградбата на Пјонгјанг.

Активистите за човекови права ги повикаа Обединетите нации да го истражат овој случај.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О