Суровата вистина за згодните и привлечни мажи

Оваа мисла на повеќето луѓе барем еднаш им поминала низ глава, особено поради тоа што од сите страни сме „бомбардирани“ со информации за тоа дека сите би требало да изгледаме како супермодели.

Заинтересирани за оваа појава, психолози од лондонскиот универзитет Бурнел спровеле истражување чии резултати покажале дека во тоа сепак има вистина, односно дека често, убавите и привлечни мажи се посебични и помалку подготвени на партнерката да и` посветат внимание и време, од своите помалку привлечни колеги.

Интересно е тоа што психолозите не утврдиле дека вакво однесување се забележува и кај привлечните жени.




Водечкиот научник на истражувањето, доктор Мајкл Прајс, изјавил за „New York Daily News“ дека убавите луѓе едноставно не мораат да даваат многу од себе за да го постигнат она што го сакаат – тие се веќе доволно ценети само затоа што изгледаат добро.

За цел на истражувањето бил користен 3D скенер на телата, каде што биле „измерени“ тела на 125 машки и женски учесници, кои врз основа на пропорциите биле ставени во одредени групи на „привлечни“ луѓе.

Испитаниците потполниле прашалник во кој одговарале прашања за нивниот став кон себичноста и нееднаквоста и биле замолени да учествуваат во експеримент при кој им биле понудени пари, а од нив се барало самите да одлучат колку да поделат со некој друг.

После процените на сите собрани податоци, психолозите дошле до следните заклучоци:

» Привлечните мажи дале полоши резултати на тестовите за великодушност и подарување на внимание

» Не била воочена врска измеѓу убавите жени и таквото однесување



» Привлечните мажи биле проценети од страна на испитаниците како посебични

» Привлечните мажи и жени се помалку подготвени некому да помогнат

Иако доктор Прајс смета дека оваа тема треба уште подетално да се истражи, резултатите од истражувањето сепак покажале дека убавите мажи се склони кон себично однесување.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О