Тоалети од кои боли глава: Овие дами гордо ги покажуваат своите гради

Познатите дами, манекенки и пејачки со задоволство го прифатија трендот на длабоки деколтеа. „Градите за гордост“ овие денови го освојуваат светот, а трендот го доби и своите најсмели дами. Погледнете.

Најзначајните случувања во модниот календар во Лондон, доделувањето на „Elle Style“ наградите поминаа во знакот на женските облини. Манекенките Роузи Хантингтон Вајтли, Кара Делавињ и Џордан Дан заблескале во елегантни тоалети.


На нивните тоалети дискретна била само бојата, сето останато било отворено, слободно и провокативно. Роузи синоќа ја добила наградата за Модел на годината, која и` ја донесе десетогдишната кариера, успесите на модните сцени ширум светот и соработката со најпознатите модни куќи. Роузи ќе се најде на насловната страница на февруарскиот број на британското издание на „Elle“.

Кара Делавињ своето деколте го украсила со дијамантски ѓердан, а синоќа ја освои наградата „Breakthrough Actress“. Досегашниот бунтовнички стил, оваа манекенка за краток или долг период, го заменила со елеганција.

Најпровокативна, барем на синоќешното доделување на наградите, била манекенката Џордан Дан, која имала и мали проблеми со тоалетата.


На другиот крај на светот, во Лос Анџелес на премиерата на филмот „Фокус“, овој тренд и тоа, неговата најсмела варијатна, го промовирала пејачката Кристина Милан. Таа на премиерата се појавила со разголени гради и со тоа најави уште похрабар тренд. Само е прашање на време кога на црвениот тепих ќе се појават целосно голи гради.


На премиерата на филмот била и Кармен Електра, а каде што ќе се појави заносната бринета, таму е и деколтето.


Трендот го прифатила и Бијонсе која вака облечена се упатила на ручек. Во провокативното издание сигурно била најзабележаната гостинка на ресторанот во Калифорнија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О