Слаткаристика во саботата го одржа најавениот концерт во концертната сала од клубот Mixtape 5, во Софија. Капацитетот на салата беше исполнет, а нашиот Хип Хоп артист се претстави одлично, правејќи концерт за паметење.
Како дел од неговиот настап беа DJ Оки Доки, Нико на тапани и Аце НЛ, а специјален гостин на концертот беше Ицо Хазарта, од култниот „Апсурт“.
Бугарските медиуми Слаткаристика го претставија како светски артист, а неговиот настап го споредуваа со концертите на големите светски ѕвезди.Публиката повеќе и од задоволна се забавуваше и ги пееше сите песни со Слаткаристика.
Исто, за време неговиот престој таму тој сними и видео запис за првата, музичка соработка со Бугарски Хип Хоп артисти познати како „Young BB Young“.
Песната е насловена како „Таа има маж“, а заедно со спотот ќе биде промовирана пред македонската и бугарската публика на почетокот на месец март.