Бегство од пеколот на Дебаљцево: Стотина украински војници го предаваат оружјето и креваат раце во воздух!

Киевските сили масовно го предаваат оружјето, сега држат само 10 проценти од градот.

Голем број на украински војници се предаваат на проруските сили во источниот украински град Дебаљцево, соопштила денес прес службата на проруските сили.
"Во Дебаљцево во тек е масовно предавање на оружјето на украинските сили. Има повеќе од сто војници", рекол службеникот на проруските сили Максим Лишченко, пренесува Reuters.



Украинската војска држи само 10 проценти од територијата на Дебаљцево, јавуваат новоруските информативни агенции. Силите на самопрогласената Доњецка Народна Република, обезбедиле автобуси за евакуација од тој град.
Владините сили денес започнале со повлекување од градот Дебаљцево, клучниот железнички центар, рекол командантот на провладините единици, Семјон Семјонченко.

Повлекувањето на силите од Дебаљцево се одвива според план и организирано", рекол Семјонченко, кој додал дека "непријателот настојува да го пресече патот и да го спречи излезот на војниците".

Иако на 15-ти февруари на сила стапило примирје, околу градот Дебаљцево се воделе жестоки борби меѓу украинските и проруските сили. ДНР потсетува дека Дебаљцево не е на линија на разграничување, туку е дел од нивната територија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О