Безобразно и секси: Рита Ора со своите тоалети ги оставила сите без здив!

Британската пејачка Рита Ора, настапила на доделувањата на Оскарите, а освен со убавиот глас, публиката ја воодушевила и со своите модни изданија.

Пејачката на црвениот тепих се појавила во тоалета на модната куќа "Marquez", која совршено стоела на нејзиниот тен и платинеста коса.

Потоа Рита ја извела песната "Grateful" од филмот "Beyond the Lights", која исто така била номинирана за Оскар.




24-годишната пејачка сјаела на бината во модерна креација на Вера Ванг, а настапот собрал само пофални зборови.


По доделувањата на Оскарите, пејачката ја посетила забавата на списанието "Vanity Fair" и вечерта ја затворила со провокативна тоалета која прилично го открила нејзиното тело.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О