Полицајците на Флорида и претходно биле критикувани за прекумерната употреба на сила, но оваа видео снимка ги шокирала сите оние кои биле сведоци на овој немил настан.
Вознемирувачкото видео покажува како полицајците од Флорида, шокирале постар човек со електричен пиштол откако излегол од автомобилот со рацете кренати во воздух.
Сведоците на овој случај биле згрозени кога виделе дека човекот паднал на земјата онесвестен. Кога "осомничениот" излегува од автомобилот, на снимката се гледа како полицаецот му се обраќа на повисок тон и му ја витка раката, пренесува Russia Today.
Иако излегол од автомобилот со рацете кренати во воздух, веднаш бил шокиран со електро пиштол. Полицијата му ставила лисици додека лежел онесвестен на земјата.
Видеото било снимено од еден турист кој одел кон Ки Вест. Полицијата на Флорида и порано била критикувана од јавноста поради прекумерната употреба на сила, пренесуваTelegraf.rs.
"Amnesty International" известила дека меѓу 2001-та и 2008-та година, најмалку 351 лице умреле во САД откако полицијата на нив употребила електро шокер.