- Ќе бидам госпоѓа Фелпс!, објави Никол на Instagram и на сите им даде до знаење дека се согласила да се омажи за американскиот пливач.
Пливачкиот сојуз на САД го суспендираше, а судот го осуди на условна казна, додека спонзорите од нега дигнаа раце. Тој е пуштен на слобода набрзо после апсењето, иако ова не е прв негов инцидент. Тој беше приведен и во 2004-тата година, исто така поради возење под дејство на забранети супстанци.
Овој спортист, со 22 медалји од кои дури 18 златни, минатото лето беше на мета на таблоидите поради наводната врска со транссексуалната личност Тејлор Чендлер, која е родена како маж.
Но, овојпат се чини дека Фелпс конечно се "смирил", иако светските медиуми сè уште зборуваат за неговите испади од септември минатата година кога тој имаше проблеми со законот поради дејство на алкохол.
Со Никол тој започна да се забавува во 2007-мата година, а до сега неколку пати раскинуваа, па во меѓувреме се споменуваше името на келнерката Сара Херндон, актерката Џесмин Волц и моделот Меган Розе.