Загинале, меѓутоа, нејзината бремена мајка и нејзиниот седумгодишен брат, јавуваат хрватските медиуми.
- „Малата Индира е добра и состојбата ѝ е стабилна, самостојно дише и ја следиме нејзината состојба. Засега е опасно да се вади шрапнелот, па нема да го чепкаме. Колегите што беа дежурни кога го донеле девојчето завршиле одлична работа“, изјавил за хрватскиот портал 24 sata началникот на Одделот за кардиохирургија во Осиек Рако Угљен.
Според очевидците, неверојатна храброст покажала и нејзината мајка која во третиот месецо од бременоста легнала на бомбата за да ги спаси своите деца.
Полицијата го истражува случајот и трага по непознатиот сторител.