Шведска и Финска се загрижени поради зголемената воена активност на Русија во Балтичкото море, и акциите на Москва во Украина. Ниедна од нив не членка на НАТО.
Шведскиот министер за одбрана, Петер Хулквист, изјавил дека тесната идна соработка ќе го наведе напаѓачот два пати да размисли за својот напад.
Коментирајќи ја можноста дека тој потег може да ја разлути Русија, тој рекол дека "во тој случај, тоа е нивен проблем. Нашиот план е во целост одбранбен. Не можеме да делуваме на основа на тоа што го мислат или чувствуваат други земји".
Во заедничкиот извештај, двете нордиски земји предложиле шведско-финска морнаричка работна група, која би станала оперативна до 2023. година.
Другите планови вклучуваат зголемен пристап на морнарички бази во двете земји и заеднички воени вежби.