Познатата сопруга на политичар и „кралица на селфито” откри мрачна тајна: „Ме силуваа кога бев мала”

Карен Данцзук, британска сопруга на пратеникот Сајмон Данцзук која е позната по многуте провокативни фотографии, неодамна откри дека како дете била злоставувана, но дека токму селфи фотографиите и` помогнале да се извлече од депресија и да си ја врати самодовербата.

Госпоѓа Данцзук, позната и како „кралица на селфито“ секојдневно со своите следбеници споделува секси фотографии и вели дека тоа ја забавува, но дека не е арогантна и премногу самоуверена, како што некои мислат.

Оваа мајка на две деца, во едно интервју признала дека порано имала „црни мисли“ и се трудела да изгледа незабележително за да не предизвикува внимание.

Како што вели, 20 години пиела антидепресиви и седативи, а имала и периоди кога се самоповредувала, па дури се обидела и да се самоубие.

Тогаш го запознала својот сегашен сопруг, пратеникот Сајмон Данцзук, кој лесно го освоил нејзиното срце иако е 16 години постар од неа. Неодамна за „The Sun”, Карен раскажала потресна исповед за тоа како била злоставувана кога имала само шест години.


„Тоа го направи еден семеен пријател, кој една вечер се прикраде во мојата спална соба. Тој сакаше од тој гнасен чин да направи игра, но иако бев мала, многу добро знаев да проценам што е добро, а што не“, раскажала Карен.

Според нејзините зборови, ова се повторило повеќе пати, а бидејќи била преплашена, никогаш никому не смеела да му каже за тоа.


„Имав многу несреќно детство какво што никому не би посакала“, рекла таа.

Според искрената исповед на оваа жена, тие злоставувања и` го претвориле животот во пекол, па поради тоа била приморана младоста да ја помине под тешки седативи, а се обидела да изврши и самоубиство. Сепак, со тек на време сфатила дека мора да ја врати вербата во себе и во другите луѓе и дека мора да го промени ставот кон животот.


Денес, Карен е среќна и исполнета сопруга и мајка која има сопствена кариера на телевизија, а се` повеќе се интересира и за политиката.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О