Сопругот на Синди Крафорд објави "реална" фотографија од нејзиното тело

Манекенката Синди Крафорд неодамна беше вистинска сензација поради објавата на необработените фотографии во долна облека на која беа видливи сите природни “недостатоци”.

Како што наведува уредничкиот тим на магазинот "Marie Claire", фотографијата на Синди Крафорд е од мексиканското издание и таа необработена верзија секако не требала да се појави во јавноста.

Сепак, фотографијата буквално ја запали интернет мрежата, а телото на 48-годишната Синди наиде на безброј пофални зборови.

Меѓутоа, сопругот на манекенката на својот Instagram профил објави фотографија од својата сопруга како лежи покрај базенот во костим за капење, на која може да видиме дека нејзината кожа е во беспрекорна состојба.


- Таа доби цвеќе, а јас неа, напиша под фотографијата нејзиниот сопруг.

Многумина се сега во дилема и се прашуваат која всушност од овие две фотографии е реална.

Инаку, фотографите изјавија дека на неретушираната фотографија од магазинот кожата на познатата манекенка изгледа многу постаро бидејќи лошото осветлување само ги потенцирало нејзините бори и недостатоци.

Фотографијата на атрактивната манекенка на која се сонча покрај базенот во провокативен бикини повторно ја раздвижи интернет мрежата, а повеќе од очигледно е колку е всушност нејзиниот сопруг сè уште горд и заљубен во неа.

Манекенката во месец декември во 2013-тата година направи серија од фотографии за магазинот "Marie Claire" кој објави дел од нив кои беа потполно необработени. И да, Синди тогаш имала 47 години, но сепак изгледала апсолутно фантастично.


Пред 20 години таа владееше со светските модни писти и тоа заедно со Линда Евангелиста, Наоми Кампбел, Кејт Мос, Клаудија Шифер и Кристи Тарлингтон и секое утро беше потешка за десетина илјади долари.


Убавицата се појави во бројни музички спотови, реклами и кампањи. Нејзината ќерка Каиа исто така тргна по нејзините стапки па веќе се фотографираше за Vogue а работеше и во кампања за Versace.


И сопругот на Синди некогаш се занимавал со манекенство, но денес го води брендот Casamigos tequila заедно со Џорџ Клуни и Мајк Мелдмен.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О