Еден од најпознатите македонски ергени, Васко Тодоровски, познат како Тошо Малерот стапна на лудиот камен, јавува Теа Модерна.
Неговата избраничка e Марија Христова (мајка на деветгодишна ќерка) која живее во Австралија, а во моментов е во Македонија заради венчавката. Нивните планови се поврзани со Австралија, каде заедно ќе заминат наскоро.
Тошо е прилично возбуден бидејќи ја пронајде жената на својот живот.