Британската полиција денес соопштила дека по девојчињата сè уште се трага во Турција, пренесуваAP.
Девојчињата се на возраст од 15 и 16 години, а биле одлични ученички и оделе во истото училиште во источен Лондон. Кога заминале од дома минатиот вторник, не оставиле никаква порака. Властите веруваат дека со авион заминале во Истанбул.
Членовите на семејствата на Шамима Бегам, Амира Абас и Кадизе Султан, се расплакале пред камерите додека зборувале за својот страв.
"Ни недостасувате. Не престануваме да плачеме", рекол Абас Хусеин, таткото на Амира, држејќи во рака волнено мече кое Амира го добила како подарок од својата мајка. "Размислете уште еднаш. Не одете во Сирија".
Случајот на овие девојчиња предизвикал големо внимание во јавноста во Британија, чии власти предупредуваат на зголемената опасност поради Британците кои заминуваат во Сирија да се борат во редовите на Исламската држава.
Според официјалните податоци, најмалку 500 луѓе од Британија заминале во Сирија, а полицијата наведува дека сè повеќе млади девојки заминуваат во Џихад.
Властите се нашле на мета на критики од јавноста, откако се воспоставило дека една од исчезнатите девојки имала контакт преку интернет со четврта девојка, која заминала во Сирија во 2013. година, за стане "невеста на џихадист", наведува AP.
Сите три семејства тврдат дека ништо не укажувало на тоа дека девојчињата се заинтересирани за екстремизам или дека планираат да заминат, а "Scotland Yard" соработува со турските власти во истрагата.