Минатата година “Би-Би-Си” објави дека “Финфишер” е легитимен софтвер за надгледување кој може да го купи и користи секој – што има пари. Оваа информација го потресе светот минатата година и ве потсетуваме на неа.
Овој софтвер овозможува следење на буквално сите активности што ги правите од вашиот компјутер – кои интернет-страници ги отворате, што зборувате на скајп, со кого и што зборувате во која било видеоврска, што пишувате во моментот на тастатурата на својот компјутер.
Ниту една антивирус-програма не може да го детектира.
“Ситизен лаб”, истражувачка група на Универзитетот од Торонто, откри дека серверите за команда и контрола на “Финфишер” се активни, или биле присутни, во 36 земји, меѓу кои и Македонија.
Според нивниот извештај во земјава некој има сервер кој може да испрати штетен софтвер до вашиот компјутер, прекриен зад популарниот пребарувач Mozilla Firefox и потоа преку него, да следи сè што правите на Интернет.
Како што велат канадските научници, Finfisher е отпорен на сите популарни антивирусни програми, па практично е невозмжно да биде детектиран пред да се инсталира на вашиот компјутер.
Покрај Македонија, во опкружувањето софтверот се користи и во Бугарија, Србија, Унгарија, Австрија и Турција.
Научниците предупредуваат дека е развиена и мобилна верзија на овој софтвер што значи дека може да се закачи и на вашиот телефон и да испраќа податоци од него.
Изненадувачки е што софтверот кој го откриле е всушност легален. Се работи за FinSpy и е производ на британската компанија Gamma Group и го користат владите на повеќе држави за надзор на криминал.
Интересно е што во Виетнам FinSpy е пронајден и на Android телефони.