Исламската држава објавила видео од својот “најсмртоносен снајперист”

Исламската држава објавила свое гледиште за "најсмртоносниот снајперист", во новата пропагандна видео снимка.

Џихадистите во објаснувањето навеле дека оваа снимка е одговор на холивудскиот филм "American Sniper", а трае три минути и прикажува снајперист од прво лице, како ги убива своите цели во источна Сирија.


Првобитната снимка прикажала убиства на 12 ривалски борци, но идентитетот на снајперистот не е објавен, а не е познат ниту неговиот "рекорд" на убиства.


Единствениот податок кој џихадистите го објавиле е дека снимката е направена во провинцијата Деир Езор на истокот на Сирија, а наводниот "најсмртоносен снајперист" пука од пушта "Dragonov".


Снимката се појавила во момент кога една од вестите на денот е пресудата на Еди Реј Рит, за смртта на најуспешниот снајперист во американската воена историја, Крис Кајл, по чиј живот бил снимен филмот "American Sniper".



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О