На 20-ти април во 2009-тата година, пристигна моментот кој всушност докторите со децении го претскажуваа, а тоа беше токму моментот во кој Стивен Хокинг, научникот кој ја "преживеа" смртоносната болест, беше само на работ на смртта.
Универзитетот во Кембриџ тогаш достави мрачни прогнози. На Стивен Хокинг, уште на 21-годишна возраст му беше дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС) кога беше опишан како "многу болен".
Но, спротивно на сите очекувања, Стивен Хокинг преживеа.
Според сите знаења за оваа болест, вистинско чудо е што овој 73 годишен човек е се уште жив, а според она што науката го објаснува, тој не би требало да може да размислува ниту пак да дава мислење за вештачката интелигенција, ниту пак да успева да медитира, ниту пак да присуствува на науките на Британската академија БАФТА.
Кога се говори за тоа колку АЛС е впрочем смртоносен, тешко е да се претера. Тоа пореметување може да го добие буквално секој човек. Тоа најпрво предизвикува мускулна слабост, потоа исцрпување на целото тело, а потоа и парализа, одземајќи ја способноста за говор, за голтање, па дури и за нормално дишење.
Се проценува дека просечниот животен век на човек дијагностициран со оваа болест е помеѓу 2 до 5 години. Повеќе од 50 отсто успеваат да преживеат 3 години, а 20 отсто успеваат да преживеат 5 години. После тоа, бројот значајно опаѓа. Помалку од 5 отсто успеваат да преживеат 20 години.
Сепак, Хокинг не се вклопува никаде во оваа статистика, бидејќи тој успеа со болеста да живее цели 52 години. Тој успеа дури два пати да се избори со тешките прогнози кои го очекуваа, и тоа прв пат во 1983-тата година и втор пат во 2003-тата година.
Сега, во 2015-тата година, неговата желба и капацитет за преживување е толку голема што некои експерти тврдат дека е невозможно тој да страда од АЛС со оглед на леснотијата со која болеста ги одзема жртвите. Други пак велат дека едноставно никогаш не виделе личност како Хокинг.
- Тој е исклучителен, кажа кратко и јасно Најџел Ли, професор по клиничка неврологија на Кралскиот колеџ во Лондон.
- Јас не знам никој друг којшто преживеал со АЛС подолго од Стивен Хокинг. Не само што е невообичаен долгиот период, туку се чини и дека болеста на некој начин "ја изгуби битката со него", бидејќи неговата состојба е релативно стабилна. Такво нешто е екстремно ретко.
Но што е тоа што го прави Хокинг поразличен од другите? Дали едноставно се работи за среќа? Или пак природата на неговиот интелект некако ја спречила неговата "неизбежна судбина"?
Никој не е сосема сигурен во ова. Дури и самиот Хокинг, кој ја сфаќа сложената механика на космичките случувања, не го знае одговорот. -
- Можеби мојот тип АЛС е последица на лошото консумирање на витамини, во еден миг изјави Хокинг.
Сепак, битката на Хокинг со прогресивната болест АЛС беше специфична и поинаква уште од самиот старт, а научниците сметаат дека токму тука се крие клучот на неговата долговечност.
Поводот за појава на АЛС вообичаено се случува подоцна во текот на животот, а просечната возраст на дијагностицирање е 55 години. Меѓутоа симптомите кај Хокинг се појавиле уште кога тој бил многу млад.
- Уште додека бев трета година на Оксфорд, забележав дека сум многу понесмасен, а ми се случуваше и да паднам неколку пати без причина, во еден момент изјави Хокинг.
- Меѓутоа кога се запишав на Кембриџ, мојот татко започна да забележува невообичаени нешта и ме однесе на лекарска контрола, а докторот ме упати на специјалист. Кратко време после мојот 21-ви роденден отидов на болница за да ми направат тестирања. Беше огромен шок кога открив дека ја токму таа болест на моторички неврони, додава Хокинг.
Иако раната дијагноза го осудила на живот полн со предизвици. таа воедно му дала шанса да преживее многу подолго во однос на луѓето кои дознале дека се болни многу подоцна.
- Откривме дека преживувањето кај помладите пациенти има поголема шанса и животот на човекот трае подолго, во повеќе од 10 случаи, изјави вели Ли за стручниот магазин British Medical Journal.
- Болеста е едноставно различна кога е дијагностицирана кај млад човек, а никој не знае зошто е тоа така, додава тој.
Лео МекКласки од Универзитетот во Пенсилванија вели дека АЛС убива на два различни начини. Првиот влијае врз мускулите кои учествуваат во процесот на дишењето.
- Најчестиот начин на којшто луѓето умираат од оваа болест е колапс на респираторниот систем, вели тој.
Другиот начин е откажувањето на мускулите за голтање кои можат да доведат до дехидратација и неухранетост.
- Ако човек ги нема овие две работи, тогаш тој потенцијално може да живее долго време со АЛС, додава тој.
Хокинг тврди дека токму неговата работа му го овозможила она кое за другите било недостапно и дека тој успеал да ги преживее годините кои другите луѓе со оваа болест не успеале да ги преживеат.
- Ми помогна тоа што имам работа и што луѓето околу мене одлично се грижат добро за мене, изјави Хокинг.
- Имам среќа што работам со теоретската физика, една од ретките области во кои инвалидитетот не се смета за сериозен хендикеп, додава тој.
Ако ништо друго, Стивен Хокинг ни ги илустрира различните начини на кои АЛС ги погодува своите жртви и во тоа претставува еден навистина исклучителен пример, како што тоа го вели МекКласки.