Веќе знаевме, но последното видео и го докажа тоа, Galaxy S6 ќе има метално тело, слично како Alpha серијата на Samsung, кое треба да придонесе за многу полуксузно чувство во раката, но и поцврста и поквалитетна шасија. Заоблените краеви ќе овозможат и лесно ракување со телефонот, додека дебелината се очекува да биде 6,9 милиметри, исто како кај iPhone 6/6S.
Но, метално тенко тело со заоблени краеви веќе имаме видено кај многу други телефони. Затоа, новата S6-ка ќе има целосно нов преден крај, со стакло кое е свиткано и на десниот и на левиот крај и изгледа како да го прегрнува телефонот. Како што велат од Samsung, на овој начин нема да се познава границата од металот кон стаклото и обратно, односно ќе се добие дизајн кој ќе асоцира на паметен телефон извајан од едно парче.
Исто така, благодарение на малата заобленост на стаклото, драматично ќе се намали и рефлексијата, што заедно со OLED технологијата на Samsung, ќе треба да овозможи исклучително висока видливост на сонце или некој друг силен извор на светлина. Инаку, екранот ќе има резолуција од 2560х1440 пиксели, што е чекор напред во однос на претходникот.
Покрај големите подобрувања во дизајнот, новиот Galaxy ќе биде погонуван и од моментално најмоќниот процесор на светот и тоа Exynos 7420 на Samsung, со 64-битна архитектура, 4 GB рам меморија и 32 GB простор за складирање на податоци. Камерата ќе има целосно нов сензор и леќа, со 20 мегапиксели и ќе може да снима 4K, односно Ultra HD видео.
Новите, помоќни компоненти ќе бидат придружени и од многу полесен TouchWiz скин, кој треба да овозможи многу помазно и побрзо работење со оперативниот систем, како и поминималистички дизајн, кој дебитираше со Android Lolipop.
Новиот S6 ќе биде претставен на 1-ви Март, на саемот за мобилна технологија (MWC) во Барселона, но сигурни сме дека до тогаш ќе има уште по некој нов протечен детал, за кој навремено ќе ве информираме.