Лео Бабаута е момче кое решило да прави експерименти со цел да си го испита и подобри здравјето. За почеток, цел месец се откажал од кафето и пијалаците со кофеин.
Признава дека било тешко и речиси незамисливо и имал неколку очајни обиди да си го прекрши експериментот.
Но, еве што забележал додека бил во фазата на одвикнување:
1. Очекувал симптоми како главоболки и грозници, но се изненадил затоа што немало ништо од очекуваното. Лео често пати се будел наспан многу порано од алармот и бил сконцентриран од рано наутро.
2. Единствен проблем му бил мирисот на кафе. Кога гледал како другите пијат кафе ја немал таа желба како кога ќе помирисал шолја кафе. Но, и тоа го издржал.
3. Најголемите проблеми ги имал по мрсните и зачинети оброци. Жедта ја гасел со вода, но имал потреба за силно кафе веднаш по оброкот. Комбинацијата од масти и зачини очигледно е замката која треба да ја избегнувате ако сакате да се откажете од кафе.
Што научил Лео по само 1 месец без кафе?
„Мислев дека откажувањето ќе ми биде многу потешко отколку што навистина беше.
Но, да имаш навика со која ќе го замениш утринското и попладневно кафе навистина помага.
Кога и да сте фокусирани на менталната жртва која ја правите, почестете се со шолја топол и вкусен чај. Парче пица или мафин? Зошто да не?
Уште една важна работа - запаметете дека потребите и нагоните се моментални, дури и оние најсилните.
Од голема помош е ако јавно го кажете својот предизвик.