Ова е градот на мртвите: Тука се погребани 1.5 милиони луѓе а во градот живеат 1.500 жители! Како!?

Овој град уште го нарекуват и град на тишината бидејќи поголемиот дел од земјиштето се гробишта, а како што се наведува, станува збор за буквално 73 отсто од површината.

Некои од погребаните луѓе се и длабоко вкоренети во историјата на американскиот народ како што е Леви Штраус, основачот на прочуената компанија Levi's и Вилијам Рандолф Херст, познат и влијателен американски новинар.

Градот Колма во Калифорнија е познат под името град на мртвите, бидејќи има повеќе од 1.5 милиони мртви, а моментално има околу 1.500 "живи" жители.



Некои уште го нарекуваат и град на тишината бидејќи поголемиот дел од земјиштето е посветено на гробови, а како што се наведува се работи за дури 73 отсто од површината.

Многумина си го поставуваат прашањето како е воопшто возможно во еден вака мал град да постојат толку голем број на погребани луѓе. Одговорот на ова прашање е едноставен. Се работи за иницијатива која ја започнал Сан Франциско, со цел мртвите тела да не бидат закана по здравјето на жителите. Токму поради таа причина тие одлучиле сите тела да бидат пренасочени кон градот Колма.

Ова место било исклучително популарно за живеење сè до 1849-тата година и "златната грозница" бидејќи луѓето започнале масовно да се преселуваат во Сан Франциско во потрага по злато и брза заработувачка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О