Шок и огорчување кај јавноста предизвика оглас во кој се продавале сапуни направени од убиени Евреи.
Полицијата во Холандија успеала во последен момент да спречи еден маж на интернет да продаде два сапуни кои наводно биле направени од остатоци на Евреи убиени во нацистички логор.
Продажбата на „спомените“ од Втората светска војна, со кои се фалел продавачот и им ставил цена од 200 евра, ја пријавиле шокирани посетители на интернет страницата на која се наоѓал огласот.
Мажот и` ги предал на полицијата двата сапуни кои планирал да ги продаде. Сапуните ќе бидат тестирани за да се провери дали навистина содржат човечки остатоци во нив.
Тврдења на федералните сили дека нацистите масовно произведуваат сапуни од Евреи убиени во концентрационите логори, се појавиле уште во средината на Втората светска војна. Такви масовни производства никогаш не биле докажани, но биле докажани одредени случаи. Наводно, некои германски „научници“ експериментирале со производство на сапун од човечка маснотија, но во тоа ги сопрел самиот Хајнрих Химлер кој во 1942 година наредил истрага.
Исто така, познато е дека нацистите користеле примероци од коса на убиените за производство на волна за изолација. Историчарот Артур Хараф, кажал дека сапуните биле едни од многубројните производи кои биле пронајдени кај концентрациониот камп Вестерборк во Холандија. Кампот бил како собирен центар од кој нацистите ги испраќале Евреите во логори. Покрај сапуни, биле пронајдени и многу заби, пишува Daily Mirror.