Во еден момент, на Криси и` „здодеала крпата“, па решила да ја тргне и да го покаже сиот свој раскош.
Иако досега сме ја гледале во многу провокативни изданија, мора да признаеме дека ова сигурно победи.
Додека убавата манекенка позирала гола, нејзиниот сопруг ја гледал од страна а според неговиот израз на лицето, делувал мошне задоволен од глетката, пишува Mirror.
Сите во нејзина близина не можеле да го оттргнат погледот од неа. Заедничката кампања на Криси и нејзиниот сопруг не е за изненадување, затоа што овој пар често соработува, а манекенката е честа гостинка во спотовите на музичарот.
Инаку овој славен пар неодамна предизвика големо внимание во јавноста, кога Криси објави дека тие имале секс, ни помалку ни повеќе, туку во „Белата куќа“.