Црвен неокласицизам се наѕира на зградата од Министерството за правда


Се финализира реконструкцијата од зградата на Министерството за правда, а стилскиот правец е неокласицизам.

Ова е едно од министерствата кое во рамки на „Скопје 2014“ не доби нова зграда, туку ја подновува постојната. Предлог-одлуката за утврдување за изгледот на фасадите на објектите во централното градско јадро на Скопје е поднесена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Новото руво со кое е обвиено министерството според првичниот договор, требаше да чини 2,9 милиони евра, но извесно е дека оваа сума се надминува.

Договорите за реконструкцијата на зградата од Министерството за правда се склучени без претходно објавување јавен оглас, а како причина за тоа се наведува што „таквите дополнителни работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган“.

Според планот, освен зградите на улиците „Македонија”, „Никола Вапцаров” и „Димитрие Чуповски”, со фасадирањето во неокласицистички стил, ќе бидат опфатени и објектите по должина на улиците “11 Октомври” и “Максим Горки”, зградите околу плоштадот Карпошово востание, фасадите по должина на булеварот Илинден, односно од Влада до фонтаната во Градскиот парк и објектите на Кејот 13-ти Ноември, но и кулите во Градскиот трговски центар, за кој пак исто така е предвидена барокна фасада.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О