Идејата се заснова на стариот советски проект за супер кавитација.
Звучи неверојатно, но кинеската морнарица развива токму такво пловило. Сепак, тоа што навистина става страв во коски кај Западот е можноста за развојот на технологија која е потребна за да направи ваква подморница, а според пишувањето на кинеските медиуми, оваа супер-брза технологија веќе се развива на Институтот за технологија во Харбин.
Со помош на оваа технологија, пловилата би требало да ја достигнат брзината на звукот, односно да пловат со брзина до 3.600 милји на час!
Идејата, колку и да звучи како научна фантастика, сепак, не е нова и се заснова на стариот советски проект за супер кавитација. Имено, идејата е околу подморниците да се создаде некој вид на воздушен меур, кој би овозможил избегнување на триење и отпор за време на патувањето.
Професорот Ли Фенчен од Институтот за технологија, вели дека идејата е бродот да се премачка со специјална течност, како течна мембрана, која ќе му овозможи на бродот да дојде во супер кавитациона состојба и да генерира воздушен меур.
Според зборовите на професорот Ли, нивниот метод се разликува од било кој друг пристап.
Користејќи ја оваа технологија, би можеле во теорија да минеме преку Тихиот океан за еден час.
Сепак, според зборовите на професорот Ли, секогаш постојат значајни препреки на кои мора да се работи, како доволно силен мотор и контрола на управување.
Супер кавитацијата може да се користи и за развој на друго оружје, а слични проекти се прават во САД, Германија и Иран.