Најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо во пресрет на натпреварот помеѓу Португалија и Србија се пожегува на сметка на неговиот колега од репрезентацијата - Рикардо Кварезма.
Ѕвездата на Реал Мадрид го завитка автомобилот на Рикардо Кварезма со фолија и му остави порака во вид на "CR7". Секако ова е дел од кампањата на Најк за најновите копачки кои Кристијано Роналдо ги носеше на „Ел Класико“ дуелот против Барселона минатата недела.
„Кристијано, те молам кажи ми дека ова не му го направи на мојот автомобил“, напиша Кварезма на својот профил на Твитер, а Кристијано Роналдо одговори: „Еј Кварезма, мислам дека добро би ти дошла малку поголема брзина за нашиот следен натпревар“.