Дерматолозите велат дека нема никакви лоши последици по кожата на главата и влакното.
Сјајна и здрава коса е нешто што секоја жена го посакува. Ако сакате убава, густа, долга и сјајна коса, ви го претставуваме вистинскиот лек за тоа. Директно од градината.
Методот со кромид (црвен), многумина велат дека е корисен во голема мера, а го користат и дамите од Холивуд.
Дерматолозите велат дека нема никакви лоши последици по кожата на главата и влакното.
Кромидот е исклучителен бидејќи е богат со сулфур, кој го стимулира производството на колаген, кој е многу важен за растот на косата.
Оние кои го применуваат овој метод велат дека се покажува резултат по еден месец употребување.
Рецепт:
Изрендајте од 2 до 4 кромиди и исцедете го нивниот сок.
Масирајте ја главата со сокот од кромидот и оставете да делува околу 15 минути. Можете дури и до еден час ако имате време.
После овој третман, измијте ја косата и додадете регенератор.
Третманот потребно е да се практикува два пати месечно.
Напомена: Не мириса, не грижете се!