Фејсбук стапица: Како паднал младиот хрватски макро кој подведувал малолетнички

Полициската акција "Мрежа" во која биле уапсени девет макроа, од кои четири дами, и кои се доведуваат во врска со 79 казнени дела за проституција и пет подведувања на деца, повторно го поставува прашањето за користењето на социјалните мрежи.

Планетарно популарниот Фејсбук,станал лесно место за создавање пријателства и нудење на работи, во кои, доколку судиме според спроведената истрага, двајцата млади макроа, 23-годишниот Д.Т и 19-годишната Д.Ц, подведувале повеќе девојки од кои најмалку три биле малолетни. Токму поради подведувањето на малолетните лица, на Д.Т му се заканува казна до десет години затвор, додека за организација и огласување на сексуални услуги, би можел да добие пет години затвор.

Сè започнало на почетокот на октомври, кога Д.Т, со цел да заработи, на Фејсбук отворил неколку профили. "Agency Mija", "Leon Luxuryagency", "The Agency Zagreb", "Angels Agency"...се само некои од корисничките профили преку кои Д.Т контактирал со непознати девојки. Покрај социјалните мрежи, младиот макро се рекламирал и во "Огласник". Неговата партнерка од Далмација ги примала повиците од корисниците и ги договарала услугите, организацијата, цената...



"Дали си заинтересирана за заработка? Многу си убава и атрактивна"

"Здраво, јас сум од "Agency Mija" која се занимава со фотографирање на млади девојки. Дали си заинтересирана за заработка? Многу си убава и атрактивна. Можеме да се најдеме во кафуле, па ќе ти објаснам сè подетално", е дел од пораката која Д.Т ја пратил кон средината на октомври 2013. година на една 17-годишна девојка, на која на средбата во живо ѝ објаснил дека заработката се базира на сексуални односи и дека тој веќе се договорил со клиентите.

Во желбата да заработи преку убавата девојка, на која ѝ ветувал 3.500 евра месечно, Д.Т со мобилен телефон ја фотографирал нејзината лична карта и ѝ објаснил дека работата ќе ја врши во една куќа на Хеинзелова улица. Во следните два дена на малолетното девојче, додека престојувало во таа просторија, му биле праќани клиенти, но поради страв од непознати луѓе таа не отворала врата. Агонијата за неа се претворила во очај, бидејќи Д.Т преку Фејсбук ѝ наредил да му ги донесе заработените пари.

"Доколку не ми ги пратиш парите, ќе им кажам на сите што работиш! Запамти, знам каде живееш и во кое училиште учиш", се заканил Д.Т.



Најскапо ги чинеле девојките кои ја одбиле понудата

Подведувајќи други девојки, Д.Т им се претставувал како Виктор, односно Лео од агенција која нуди услуги за дружење со ситуирани мажи. Гарантираната дискреција и заштита, во замена за секс, ја проценувал на 3.100 до 4.000 евра.

На почетокот на оваа година, една од девојките ја прифатила понудата. Имала шест секс-акции, за кои за половина час наплаќала 40 евра, а за еден час 50 евра. Од својата заработка, 200 евра му предала на младиот макро.

За сите девојки Д.Т знаел дека се малолетни, но не се откажувал. Конечно, најскапо го чинеле две девојки кои ја одбиле неговата понуда.

"Благодарам, но јас имам 17 години и не ја прифаќам понудата", одговорила една од девојките, која непристојната понуда ја проследила до полицијата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О