„Граѓаните“ по денешниот пораз пропуштија прилика да дојдат на само два бода заостаток зад лидерот Челси, додека пак Ливерпул со оваа победа го „прескокна“ Саутемптон на табелата и се израмни со Арсенал на четвртото место со 48 бода.
Прекрасниот натпревар денес на „Енфилд“ го одбележаа двата спектакуларни погодоци на домаќините. Најпрвин Џордан Хендерсон во 11-та минута го отвори резултатот со „проектил“ од далечина, а за триумф се погрижи Кутињо кој на 15 минути пред крајот со фантастичен погодок ги постави конечните 2:1. Единствениот гол за Сити го постигна Един Џеко во 26-та минута по одличното додавање на Агуеро.