Нови драматични детали од последните моменти: Пилотот со секира ја кршел вратата од пилотската кабина

Кога молбите не вродиле со плод, Патрик Зонденхајмер ја зграпчил секирата од опремата на “боингот’’ и се обидел да ја искрши вратата од пилотската кабина.

Пилотот Патрик Зонденхајмер, капетан на авионот од „Германвингс“ кого копилотот Андреас Лубик го урнал на југот од Франција, се обидел со секира да ја искрши вратата на кокпитот, пишува „Bild”.



Лубиц го искористил тоа што капетанот тишол во тоалет за да се заклучи во пилотската кабина, а Зонденхајмер дал се` од себе за да го убеди да го пушти внатре. На снимката од црната кутија се слушало дека Зонденхајмер непрестано тропал на вратата и го повикувал. Кога сфатил дека нема фајде од тоа, капетанот ја зграпчил секирата, дел од безбедносната опрема и се обидел да ја искрши вратата.

„Намерата му била да го уништи авионот. Смртта била речиси моментална. Авонот удрил во планината со брзина од 700 километри на час. Мислам дека патниците до последниот момент не знаеле што се случува. Нивното врескање се слуша непосредно пред падот“, изјавил марсејскиот обвинител Брис Робен.



Се додава дека Лубик на почетокот од летот пристојно и нормално комуницирал, но дека станал дрзок и решителен во средината на летот, кога капетанот почнал да го планира слетувањето.

„Го слушаме пилотот како го замолува копилотот накратко да ја преземе контролата, а потоа се слуша како ја оттурнал столицата и ја затворил вратата, па претпоставуваме дека отишол во тоалет. Кога останал сам, копилотот го наместил системот за контрола на летот на слетување. На таа височина, такво нешто може да се направи само намерно и свесно“, објаснил Робен.

Лубик одбил да ја отвори вратата, но дишел рамномерно иако се убидувал да убие 149 луѓе и самиот да загине.



„Пред падот ги слушаме алармите кои предупредуваат на пренизок лет, па удирање по вратите. Непосредно пред падот на снимката се слуша силен удар. Веруваме дека авионот удрил во нешто пред да се урне. Не е емитуван никаков сигнал за опасност“, заклучил Робен.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О