Microsoft ја претстави најевтината Lumia 430 која чини само 70 долари

Моќта на Windows Phone паметните телефони дефинитивно е во поевтиниот дел од понудата, пред се поради можноста оперативниот систем да работи брзо на послаби процесори, овозможувајќи течно искуство во користењето на телефонот.

Најновиот телефон во Lumia линијата на Microsoft, која софтверскиот гигант ја презема со купувањето на мобилната дивизија на Nokia, е Lumia 430. Овој телефон ќе биде најевтиниот во понудата на производителот и ќе чини само 70 долари, а притоа ќе нуди солидни перформанси и можност за персонализација со понудата на бои за задниот поклопец, пишува Smartportal.

Големината на дисплејот на Lumia 430 е 4 инчи во дијагонала, што е стандардно за класата во која се наоѓа, исто како и резолуцијата од 800х480 пиксели, за солидна густина на пикселите од 235 ppi. Екранот е веројатно истиот кој се вградува во веќе иконската Nokia Lumia 520.



Процесорот е Snapdragon 200, но со само две јадра и брзина од 1,2 GHz, што е веројатно доволно за користење на основните апликации. Процесорот е помогнат од 1 GB рам меморија, што е дупло повеќе отколку кај најевтините Android телефони и што треба да овозможи потечно мултитаскинг искуство, но и користење на сите апликации од Windows Store.

Вградениот простор за складирање податоци изнесува 8 GB, што е исто така повеќе од конкуренцијата, додека за оние кои сакаат повеќе, има можност за проширување со micro SD картичка. Батеријата има капацитет од 1500 mAh, што е мала бројка, но добро е што истата е лесно променлива.



Најголемо кратење се чини е направено кај камерите. Задната камера има само 2 мегапиксели и нема ниту автофокус, додека предната камера има само 0,3 мегапиксели, исто така без автофокус (иако ретко кој паметен телефон има).

Lumia 430 ќе почне да се продава на источните пазари, како во Кина и Индија, но планирано е да пристигне и во Европа и да им овозможи и на оние со поплиток џеб купување на солиден паметен телефон, кој ќе може да се надгради и на новиот Windows 10. Инаку, како сите поевтини Lumia телефони и овој ќе биде достапен во Dual SIM изведба.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О