Логично било да се зголемат цените на услугите на црквата во време кога расте стандардот на граѓаните – изјави владиката Тимотеј за 24 Вести, по реакциите за новиот тарифник на Македонската православна црква – Орхидска архиепископија.
Според новиот тарифник венчањето во црква е поскапо за две илјади денари и сега чини 6.000 илјади денари со еден свештеник и 7.000 илјади со тројца свештеници. Од досегашните 3.000 илјади крштевката сега чини 4.000 илјади денари, погребот е поскап за 500 денари и чини 3.000 денари. Овие цени важат за сите 7 епархии низ земјава.
"Тоа e нормално затоа што 6-7 години не беа покачени цените, а се оди напред. Свештенството од тоа живее и мора да се има предвид. Во тие цени влегуваат и такси за црквите не само за свештенството." - изјави за ohridnews владиката Тимотеј.
Тој рече дека освен венчавката, која поскапе за 500 денари и сега чини 5000, цените на другите услуги во црквите под Дебарско – кичевската епархија останале непроменети.
- Оној што плаќа секогаш му е скапо, оној што продава секогаш му е евтино, јас не можам да тврдам дали е скапо или евтино сè е релативно. И лебот е скап за оној што нема, оној што има не го ни купува. - додаде владиката Тимотеј.