Запознајте го Френки, кучето кое може да открие рак

Френки открива рак на тироидната жлезда кај луѓето, пред да им биде дијагностициран, а тестовите покажуваат дека во 88 проценти од случаите е во право.

Френки е дресиран да легне кога ќе намириса рак во примерок од урина, а да се сврти доколку примерокот е чист.

Во рамките на експериментот на универзитетот Арканзас, тој ја помирисал урината на 34 пациенти, а погрешил само за четворица, што значи дека за 88 проценти од случаите поставил точна дијагноза.

"Тоа што ние го направивме, досега не го направил никој", рекол раководителот на студиите, Арни Ферандо, кој го нашол кучето на улица.



"Побаравме од него да ни "каже" дали е ракот присутен пред лекарите да ја постават дијагнозата".

Ракот на тироидната жлезда е релативно редок и тешко се открива, обично на основа на анализа на крта и нивото на хормони.



Научниците се надеваат дека кучето, чие чувство за мирис е 10 пати посилно од тоа кај човекот - може да се користи во откривање на разни облици на оваа болест.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О