Размазените деца на Холивуд: Позираат голи, трошат милиони и сите им завидуваат!

Тие се славни, богати и уживаат во животот. Тие се новата размазена банда на Холивуд.










Џастин Бибер

Поминаа точно пет години откако неговата песна ’Baby’ ги освои топ листите ширум светот, но и срцата на многу обожавателки. Денес тој е 21-годишна ѕвезда која и понатаму освојува со својот глас и стас.


Сега има мускули, ја скратил косата, се тетовирал и гласот му се продлабочил. Заедно со манекенката Лара Стоун неодамна сними рекламна кампања за познатата модна куќа Келвин Клајн, а сега за новото издание на магазинот ’Vogue’ позирал со Кендал Џенер.


„Моментално не сум премногу зафатен, работам само на новиот албум. Можеби имам и малку повеќе слободно време“, рекол Бибер кој е прв на листата на млади размазени наследници на Холивуд.


Дилан Пен

Дилан Пен, е ќерка на славниот актер Шон Пен. Таа одамна одлучила дека сака да биде модел, па целата енергија ја вложила во исполнување на својата цел. Оваа 24-годишна убавица сега започна да го освојува светот, а многумина веќе и прогнозираат блескава иднина.


Заедно со помладиот брат Хопер, позирала за новото издание на магазинот ’Vogue’ и ги оставила без здив сите оние кои се` уште ја доживуваат како малечката ќерка на славниот актер.


Кендал Џенер

Ѕвездата на реалното шоу “Keeping Up With the Kardashians“ Кендал Џенер за кратко време стана многу успешна манекенка, а се чини дека нејзиниот труд не бил залуден.


Светските медиуми пишуваат дека 19-годишната убавица потпишала договор за престижната модна куќа Келвин Клајн. Нејзиниот пат кон ѕвездите штотуку започна.


Џиџи Хадид
Јелена Хадид, позната како Џиџи во модните кругови, моментално е една од најбараните модели и вистинска ИТ девојка. Џиџи во светот на модата е од својата трета година, а после средно училиште отишла во Њујорк и така почнала да работи на својата кариера.


Згодната русокоса неодамна снимила реклама за познатиот бренд Guess, а сите кои ја виделе нејзината мајка, славната манекенка Јоланда Фостер, велат дека Џиџи ги наследила добрите гени од неа.


19-годишната Џиџи е обожавателка на одбојка, сака да јава, а во слободно време како секоја млада девојка сака да се фотографира и се` да објавува на социјалните мрежи.

Ансел Елгорт

Младиот актер Ансел Ергот се истакна со филмот “Различни“, а сега обожавателките ширум светот лудуваат по овој 20-годишен убавец и неговите полни усни, а тоа го препознале и многу модни куќи. Ансел позирал во друштво на колешката Кендал Џенер.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О