Зад Обама следи канадскиот премиер Стивен Харпер, кој годишно заработува 260.000 долари, додека на третото место е Ангела Меркел со годишен приход од 234.383 долари.
Најдобро платениот лидер помеѓу светските политичари е американскиот претседател Барак Обама со годишна заработка од 400.000 долари, додека кинескиот шеф на државата Сји Џинпинг, помеѓу 12-те прворангирани има најмала годишна плата која изнесува 22.000 долари.
Барак Обама освен плата добива и даночно олеснување во износ од 50.000 долари, наведува американската телевизиска станица CNN, додавајќи дека платата на претседателот на САД се зголемила дури двојно кога на чело на државата дошол Џорџ Буш во 2001-вата година.
Зад Обама следи канадскиот премиер Стивен Харпер кој годишно заработува 260.000 долари, а на третото место на листата на најплатени лидери на економски најразвиените земји се најде германската канцеларка Ангела Меркел со годишен приход од 234.383 долари.
Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума прима годишна плата од 223.600 долари, а премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон пак годишно добива 214.782 долари, влучувајќи ја тука и пратеничката плата.
Шестото место на оваа листа ја зазема јапонскиот претседател Жинзо Абе со заработка од 202.700 долари годишно, додека францускиот претседател Франсоа Оланд би бил и подобро рангиран кога платата не би му била намалена за 30 отсто по доаѓањето на властa и сега изнесува 194.300 долари.
Рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа на осмото место откако минатата недела самиот на себе си ја намалил платата за 10 отсто поради економската криза, па сега таа изнесува 136.000 долари годишно.
Италијанскиот премиер Матео Ренци годишно заработува 124.600 долари, бразилската претседателка Дилма Русеф 120.000 долари, а индискиот премиер Нарендра Моди нешто повеќе од 30.000 долари годишно.
Иако раководи со втората по големина светска економија, кинескиот претседател Сји Џинпинг го зазема последното, 12-то место на оваа листа и тоа дури откако платата му била зголемена за цели 60 отсто кон почетокот на годината и сега изнесува 22.000 долари.