Новата фасада на зградата на Министерството за правда со неокласицизам во црвена боја, денеска предизвика внимание кај граѓаните кои поминуваа оттука.
„Градиме Потемкинови села“, „Личи на бордел“, „Фасадата е 5 плус“, „Алал да и е на Владата“ се само дел од коментарите на граѓаните кои проговорија пред нашата камера.
Во рамките на проектот „Скопје 2014“, Министерството за правда не доби сопствена зграда, туку ја подновува постојната.
Предлог-одлуката за утврдување на изгледот за фасадите на објектите во централното градско јадро на Скопје е поднесена од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Новото руво со кое е обвиено министерството според првичниот договор, требаше да чини 2,9 милиони евра, но извесно е дека оваа сума се надминува.
Погледнете ги реакциите на граѓаните