Затемнувањето на Сонцето би можело да ја завие цела Европа во мрак

Во петок на 20 март, месечината ќе се најде измеѓу Земјата и Сонцето и ќе го сокрие во целост или делумично сончевиот диск од нашите погледи. Целото затемнување ќе биде видливо на северот од Европа. Сепак, она што најмногу ги загрижува научниците се последиците од овој редок феномен.

„Европската мрежа на оператори за пренос на струјата“ (ENTSOE) објавила извештај во кој изразува одредена доза загриженост поради претстоечкото помрачување, едно од најголемите во последната деценија.

Имено, нивната загриженост пред се` е насочена на искушувањето на кое ќе биде ставен европскиот електричен систем.



Се предвидува дека на кратко време ќе биде намалено производството на струја од соларните централи, а можеби ќе има и целосно губење на електричната енергија.

Еклипсата на 20 март ќе биде деветто целосно затемнување во 21-виот век. Ќе почне во 07:45 GMT а својот максимум ќе го постигне два часа подоцна, во 09:45 GMT, во траење од две минути и 45 секунди.

Последното затемнување кое било видливо од Европа се случило на 11 август 1999 година, а наредното жителите на најстариот континент ќе треба да го чекаат во 2026 година.



„Тој 20-ти март ќе бидат блокирани околу 35.000 мегавати соларна енергија т.е. производен капацитет еднаков на 80 средни погони“, стои во извештајот на ENTSOE, кој не исклучува можност за инцидент.

„Тест без преседан“

Проблемот во тоа, се истакнува во извештајот, е што производството на соларна енергија во Европа е значително зголемено. Во 1999 година, само 0.1% од обновливата енергија отпаѓаше на соларната енергија, додека денес нејзиниот удел достигнува 10.5%.



„Тоа е биде тест без преседан“ кој ќе бара добра координација измеѓу различните членови во мрежата.

Најмногу проблеми се очекуваат во Германија и Италија кои имаат голем број на производни погони на соларна енергија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О