Војна во Атина: Анархисти вчера го заземале седиштето на Сириза

Ја окупирале зградата, закачиле транспаренти и меѓу најважните услови кои барале да бидат исполнети, е укинување на контроверзните затвори во кои се затворени најголемите криминалци и терористи.

Група од анархисти вчера го окупирале седиштето на владејачката грчка партија Сириза во знак на поддршка на штрајкувачите со глад, кои протестираат поради условите во грчките затвори со највисок степен на обезбедување.

Група од 50-тина анархисти упаднале во просториите на Сириза во центарот на Атина, принудувајќи го персоналот да ја напушти зградата, соопштиле службеници од партијата, јавува AFP.



Портпаролката на партијата Ранија Свиг рекла дека вработените не повикале полиција.

Сириза претходно често ги критикувала острите интервенции на полицијата на протестите против мерките за штедење, потсетува AFP.

Анархистите на балконите од зградата закачиле транспаренти во кои повикуваат на укинување на контроверзните затвори од типот "C", во кои се затворени најозлогласените криминалци и терористи. Активистите тврдат дека затворениците се изложени на непотребно остар режим во тие затвори и дека не им е дозволен контакт со семејствата, известува AFP.



Тие исто така побарале ослободување на Савас Ксирос, бомбаш од екстремната левичарска терористичка група "17-ти ноември", кој отслужува доживотна робија.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О