Храбар или луд? Погледнете ја фантастичната „паненка" на Мауро Икарди

Наполи и Интер синоќа во Неапол ремизираа со 2:2, а конечниот резултат го постави Мауро Икарди на три минути пред крајот на натпреварот.

Наполи синоќа водеше со 2:0 до 72-ра минута, но домаќините до крајот можеа да останат без ниту еден бод. Сите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме, а резултатот го отвори Марек Хамшик во 51-ва минута од мечот.

12 минути подоцна Игуаин со мајсторски удар го совлада Самир Хандановиќ за 2:0, но гостите од Милано не се предадоа. Паласио намали на 2:1 во 72-ра минута, а во самиот финиш се избори за пенал.

Ударот од белата точка го изведе Мауро Икарди, а неговиот темперамент во финишот на мечот може да се опише како лудо-храбар. Младиот Аргентинец прилично самоуверен во своите способности на мајсторски начин - со популарната „паненка“ го совлада голманот на Наполи и го постигна својот 15-ти гол сезонава.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О