Британски историчар: Поблиску сме до Светска војна отколку во 1914, итно да прекине игнорирањето на Русија!

Доколку се избегне голема војна, не чека најмалку четвртина век студена војна, предвидува експертот Ричард Саква.

Светот е осуден на уште 25 години студена војна, бидејќи Западот едноставно ги одбива и игнорира руските интереси, порачува експертот за европска и руска политика, Ричард Саква, кој го вперува прстот кон САД поради ваквиот поредок. Овој британски историчар вели дека една од најголемите грешки кон крајот на 20. век била направена на брод на Медитеранот, пред 25 години.

Британскиот историчар вели дека една од најголемите грешки кон крајот на 20. век била направена на брод на Медитеранот, пред 25 години. Во декември 1989. година, тогашниот американски претседател Џорџ Буш, се состанал со советскиот лидер, Михаил Горбачов на крузер кај Малта, неколку седмици пред падот на Берлинскиот ѕид.



"Самитот на Малта" требало да го означи крајот на Студената војната и епохата на напнатост и недоверба. И сите говори биле подготвени во тој дух.

Според зборивте на Ричард Сакве, од универзитетот Кент, патот од тој самит ја довел Европа на работ на нова студена војна, односно, војна со Русија. Саква, експерт за европска и руска политика, прстот го вперува кон Западот.


"Имаше многу лоши потези. Но, на состанокот на Малта...Претседателот Буш се сврти кон своите соработници и рече "погледнете, се откажаа, победивме!". Горбачов тогаш зборувал за воспоставување на заеднички европски дом, но САД биле во победничко расположение", рекол Саква.

Денес, и покрај шокантниот атентат на опозиционерот Немцов во близина на Кремљ, и покрај убедливите докази за учеството на Русија во судирите во Украина, Саква инсистира дека Западот мора да се врати чекор назад и да ја преиспита својата стратегија од состанокот на Малта, пред да биде доцна.


"На крајот, Русија како голема сила, нуклеарна сила, мора да има збор. Не да кажат "да, во ред е", не да кажат "предадете се". Мора да ја прашаат Русија кои се проблемите, не само да ја демонизираат. На триумфализмот мора да му се стави крај", рекол експертот.

Во својата нова книга во која зборува за украинската криза, Саква дал скица на својата тема: "Да кажеме дека Русија е победена...Со тоа што ги игнорираат нејзините потреби и со поставување на НАТО границите сè поблиску до Москва, Европа и САД создале услови за граѓанска војна во Украина".


Професорот пишува и дека Европа и Русија се ставени во деструктивен, ескалирачки круг на недоверба и агресија во кој на ниедна од страните не може да и се препише целата вина, а повторно двете страни мислат дека не направиле грешка.

"Атмосферата во Москва е таква што некои екстремисти, дури и стари либерали и академци велат "ајде да го решиме тоа и да маршираме до Киев". Толку многу се лути и се чувствуваат предадено од страна на Западот, а тоа е многу опасно", рекол Саква заФерфакс Медија.

"Осудени сме на уште 25 години студена војна, веројатно поопасна од вистинска Студена војна која би можела да се заврши како во 1914. година, бидејќи Западот едноставно ги одбива и игнорира руските интереси", рекол Саква.

"Според логика сме како во 1914. година, во есклаторна логика. Идејата руски трупи да влезат во Балтичките земји до пред неколку месеци беше апсурдна. Денес тоа е веќе извесно. Отидовме предалеку", завршува Саква.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О