Шокантни факти за намирници за кои мислевме дека се здрави

Многумина денес сакаат да се хранат здраво, а сепак не знаат што се` се крие во храната која ја јадат. Дури и некои работи кои повеќето ги сметаат за здрави во себе содржат некои нездрави елементи.








Печено пиле



Ако мислевте дека печеното пиле е поздраво од пржено, грешите. Само една пилешка нога содржи иста количина масти како и топка сладолед.

Грчки јогурт



Грчкиот јогурт, всушност содржи голема количина на заситени масти. Кај некои видови во само три лажици може да се најдат 8.5 грама заситени масти, што ја сочинува речиси половина од препорачаната дневна доза.

Сос од соја



Сосот од соја е толку вкусен затоа што содржи многу сол. Ако прелиете нешто со него, со еден оброк може да внесете и 38% од препорачаната дневна количина сол.

Суви брусници



Ова „хранливо“ овошје содржи многу шеќер – една рака суви брусници содржи околу 70 грама шеќер.

Леб од пекара



Пекарскиот леб е всушност понездрав од некој исечен леб кој по неколку дена стои на полиците, затоа што содржи големо количество натриум.

Супа



Иако би било пологично супата од кесичка да содржи повеќе сол, всушност домашната супа е таа која има многу сол.

Брза храна



Дури и ако не јадете често брза храна, доколку изедете еден хамбургер, порција помфрит и шејк, ќе внесете 83 грама масти, 5.5 грама сол, 33 грама заситени масти, 115 грама шеќер и 1.900 калории.

Прашок за пециво



Прашокот за пециво звучи безопасно, но содржи големи количини натриум, кои влијаат врз зголемување на крвниот притисок.

Мед



Медот, всушност, може да содржи повеќе калории отколку шеќерот. Мала лажичка мед содржи 25 калории, додека лажичка со шеќер од иста големина има 16 калории.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О